Изборниот законик не е тема со еден потег или со какви било условувања да се реши, вели Маричиќ

од Берта Китинска

Оваа година може да се донесат измени или сосема нов Изборен законик, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, додавајќи дека треба да се има добра волја од страна на помалите пратии да се разговара и да се дефинираат со компромис.

„Изборниот законик не е тема на која можеме лесно со еден потег или какви било условувања да најдеме решенија. Мислам дека Владата е подготвена за дијалог, сите партии се подготвени за дијалог и јас ги ценам аргументите и на Демократскиот сојуз и на сите партии кои ја поддржале таа иницијатива. Сум разговарал со нив и досега повеќе пати, се надевам дека и наредниот министер ќе има прилика да ги слушне аргументите и да ги дискутираме во Влада. Мислам дека ако има добра волја може се да се постигне, меѓутоа не е само временската рамка во прашање. Во прашање е и гласањето на изборниот закон со консензус затоа што досега добрата практика укажувала на тоа дека тој закон се носи со согласност на сите партии особено на четирите поголеми партии кои имаат членови во ДИК“, вели министерот.

Слични содржини