Изборот на новата црногорска влада е закажан за денеска

од Vladimir Zorba

Во Цетиње денеска ќе се одржи седница на Парламентот на Црна Гора, на која треба да се избере нова малцинска влада, предложена од мандатарот Дритан Абазовиќ.

Новата влада, како што е предложена, ќе има 18 ресори, четворица потпретседатели и двајца министри без ресор.

Пратениците на Демократскиот фронт нема да присуствуваат на денешната седница, бидејќи ја сметаат предложената влада за нелегитимна, изјави пратеникот на оваа коалиција, Славен Радуновиќ.

Слични содржини