Избран најдобриот ресторан во светот: Сопственикот е со потекло од Македонија

од Nikola Popovski

Ресторанот Нома, кој се наоѓа во Копенхаген, повторно стана најдобар во светот, според магазинот „Restaurant“.

Нома претходно три пати по ред беше најдобар ресторан во светот. Најдобриот ресторан го избираат 800 готвачи, сопственици на ресторани, новинари и критичари на храна.

Инаку, овој ресторан минатата година беше во центарот на вниманието кога шеесетина луѓе имаат труење.

Нома, предводена од готвачот Рене Реџепи, кој има потекло од Македонија, со години е на самиот врв на кулинарската уметност. Реџепи потекнува од тетовското село Џепчиште, од татко Албанец и мајка Данка, а роден е во Копенхаген. Тој вели дека неговата основна филозофија е да создава вкусна храна со локално произведени состојки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by noma (@nomacph)

„Има нешто во духот, природата, луѓето кои одгледуваат храна и близината на храната. Многу е важно да се поврзете со земјоделците кои одгледуваат органска храна преку напорна работа за да се одржи здрава животна средина и крајните корисници да уживаат во храната“, изјавил Реџепи.

Реџепи е на чело на Номa од 2004 година, кој покрај готвач е и негов косопственик. Тој е амбасадор на новата програма за нордиска кујна која ја подготвува во својот ресторан. Нома е концентрирана на зачувување на сите вкусови на сировата храна и користење на најдобрата сурова храна од нордискиот регион, како што се исландската урда, бобинки, гренландски биволи и локални видови риби.

Нома на дански значи нордиска храна, а ресторанот е сместен во поранешен бродски магацин на пристаништето на Копенхаген.

Листата на чекање за да резервирате место трае и до шест месеци.

Слични содржини