Избрани најдобрите спортисти во светот

од Vladimir Zorba

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја доби престижната награда „Лауреус 2021“. за најдобар спортист во светот. За Надал ова е втор Лауреус во неговата кариера, откако беше награден за прв пат во 2011 година.

Од друга страна, Наоми Осака е најдобрата спортистка во светот, додека Баерн Минхен беше избран за тим на годината, откако освои шест трофеи.

„Виртуелната“ вечер во Севиља беше во знакот на тенисот, бидејќи Били Џин ја доби наградата за животно дело со посебен акцент на нејзиниот ангажман во борбата за родова еднаквост.

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон од Британија беше награден за ангажман во борбата против расизмот, фудбалерот Мохамед Салах доби признание за општествено корисна работа, а за најголем напредок беше награден бекот на Канзас Сити, Патрик Махомс.

Слични содржини