Издаден налог за апсење на Чедо Јовановиќ

од Vladimir Zorba

На српската полиција им е наредено да го приведе лидерот на Либерално-демократската партија Чедомир Јовановиќ на рочиште закажано за 25 јуни.

Јовановиќ би можел да се спаси од непријатности доколку самиот се појави во Обвинителството, откако повеќепати ја избегнуваше поканата да даде изјава за инцидентот пред Клиниката за физикална терапија „Физио центар“.

– Доколку тој самиот не се појави во Обвинителството, полицијата нема да има друг избор освен да го приведе – вели изворот.

Јовановиќ е осомничен дека го претепал Жарко Ивановиќ со рекет на 18 јули 2020 година.

Слични содржини