Издаден првиот пасош за вакцинација: Го добива секој кој примил две дози

од Stefanija Kuzmanovska

Исланд го издаде првиот „пасош“ за вакцинација против коронавирус со цел да се олесни меѓународното патување за граѓаните кои примиле вакцина.

Сите 4.800 граѓани кои примиле две дози од вакцината можат да аплицираат за издавање дигитални сертификати, објави исландското Министерство за здравство, пренесува „Гардијан“.

Министерството соопшти дека целта е да се олесни движењето на луѓето меѓу земјите.

Благодарение на тоа, оние кои примиле вакцина, можат да покажат потврда за вакцинација на граничните премини, со цел да бидат изземени од ограничувањата.

Слични содржини