Издадени 368 решенија за изолација во изминатите 24 часа

од Берта Китинска

Во текот на изминатите 24 часа на територијата на целата држава на 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација, информира МВР.

Полициски час

Полициските службеници кои извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирале само едно лице кое на ја почитувало мерката за самоизолација.

Во однос на мерката за неносење лична заштита на лице биле регистрирани 440 прекршоци.

Слични содржини