Изгаснат пожарот кој зафати дел од ресторанот „Томче Софка“

од Nikola Popovski

Локализиран е пожарот кој попладнево избувна во бараките, каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во непосредна близина на Градскиот парк, при што зафатил и дел од покривот на ресторанот „Томче Софка“.

Има материјална штета, но нема повредени меѓу пожарникарите ниту меѓу луѓето кои се нашле во близина.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски во изјава за медиумите истакна дека на терен интервенирале 6 возила и 20 пожарникари.

Трае увид на местото на пожарот за да се утврдат причините.

Слични содржини