Изгаснат пожарот во станот на бул. „Трета МУБ“ во Куманово

од Vladimir Zorba

Кумановските пожарникари го изгасија пожарот во станот во зграда на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово кој избувна попладнево пред 16 часот.

Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, информираше дека во пожарот е причинета материјална штета. Материјална штета имало и во соседен стан.

Во пожарот со лесни телесни повреди се здобило едно лице, информираат од Итна помош. Пожарот го гасеа 12 пожарникари.

loading...

Слични содржини