Изгласана новата албанска влада по маратонска седница од 20 часа

од Vladimir Zorba

Албанскиот парламент изгласа рано наутро нова влада предводена од премиерот Еди Рама.

Владата беше избрана на маратонска седница која траеше 20 часа со 77 гласови за, 53 против и еден воздржан, пренесуваат локалните медиуми.

Седницата беше бојкотирана од членовите на Демократската партија кои ја напуштија салата во времето на гласањето.

Во првото обраќање по гласањето, Рама рече дека опозицијата не треба да ги повторува старите грешки – ги остава работите недовршени и повикува на стара парламентарна и изборна реформа.

По гласањето во парламентот, новата влада треба да положи заклетва во претседателството на Албанија.

За време на вчерашната седница, Рама презентираше четиригодишна програма и таа седница траеше невообичаено долго време поради прекинот и одложувањето на почетокот на седницата.

Седницата беше обележана со дискусија помеѓу Рама и лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.

Новиот кабинет ќе има 15 министри и вицепремиери, од кои 12 се жени и четворица мажи.

Слични содржини