Изгласани измените на Изборниот законик

од Nikola Popovski

Во Собранието се изгласани измените на Изборниот законик, со 78 гласа „за“, два против и еден воздржан.

Координаторот на СДСМ Јован Митревски изјави дека зад предлогот стојат сите партии и од мнозинството и од опозицијата и оти станува збор за измени кои произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДХИР за предвремените парламентарни избори 2020 година.

„Се зголемува и подобрува ефикасноста и транспарентноста во изборниот процес, се прецизираат, појаснуваат и поедноставуваат одредени делови од процесот, надлежноста на изборните органи и другите институции“, рече Митревски.

Сите фондови, јавни претпријатија и правни лица што располагаат со државен капитал,  во рок од два дена по ревидирањето на Роковникот на Државната изборна комисија, треба да ја известат Антикорупциската комисија колку моторни возила имаат и во каква состојба се.

Слични содржини