348
Никол Кидман се најде во улога на модел на модна ревија, но се чини дека не се снајде најдобро.
Никол Кидман е многу успешна актерка, нема сомнеж во тоа, но не се снајде најдобро во улогата на модел. Модната куќа „Баленсијага“ ги ангажираше неа, Дуа Липа и Ким Кардашијан како дел од манекенската постава на ревијата во Париз, а интернетот гори поради видеото на кое се гледа како Никол оди на модната писта.
Таа носи долг сребрен фустан со долг воз, долги црни ракавици и црни чевли на потпетици кои изгледаат како да ѝ го отежнуваат одењето.
Никол Кидман се прошета на модната писта со крената глава, но луѓето на интернет упорно коментираат дека таа „чудно оди“, „изгледа како статуа што оди“ и се прашуваат зошто воопшто ја прифатила таа понуда.