Изгоре куќа заштитена како споменик на културата во Велес

од Aleksandar Todeski

До темел изгоре куќа во стариот дел на Велес, во месноста позната како Варналиите, пренесува Телевизија 24. Според нивните информации, еден човек изгорел во пожарот, кој избувнал во неговата куќа синоќа околу 22 часот.

Пожарникарите се обидуваа да го локализираат огнот, но порадинепристапниот терен и густо населената улица, борбата со огнот се одвиваше тешко. Околу полноќ, како што пренесува телевизијата се урнал покривот на куќата, а постоела и опасност целиот објект да падне.

Огнот го зафатил и покривот на соседната куќа, а во опасност беа иостанатите куќи, кои се залепени една до друга. Освен велешката противпожарна бригада, во гаснењето учествувааи единиците од Скопје, Кавадарци, Неготино и Свети Николе.

Скопската Пожарна на својата фејсбук страница информираше дека била пуштена екипа од три возила да помага во гаснењето на пожарот.

Куќата која е целосно изгорена е со стара велешка архитектура и е заштитена како споменик на културата. Објектот беше дел од повеќе играни филмови и промотивни видеа за Велес.

Фото: ТВ24

Слични содржини