Изгоре „мерцедес“ на патот Тетово-Скопје

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека на регионалниот пат Тетово- Скопје кај Желино вчера во пожар изгорело возило мерцедес со тетовски регистарски ознаки. Огнот во возилото започнал додека автомобилот бил во движење, а при тоа возачот не бил повреден.

-Во 15 часот и 40 минути, во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Скопје, по кое се движело, настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б.Ф.(18) од тетовска Палатица. Нема повредени лица, а со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран, информира од СВР Тетово.

Од пожарната информираа дека интервенирале две екипи со вкупно пет пожарникари.

Слични содржини