Изгоре возило во близина на Соборниот храм

од Nikola Popovski

Синоќа се запалило возило на булевар во близина на Соборниот храм, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, вчера околу 20:20 часот во полициска станица Центар е пријавено дека на бул.Св. Климент Охридски во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус” со скопски регистарски ознаки,управувано од Љ.Д.(72) од Скопје.

-Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, додаваат од полицијата.

Слични содржини