Изгореа „ауди Q7″и „ауди а8″ на плац за продажба на автомобили во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

На 29.12.2022 околу 02:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во плац за продажба на автомобили на улица „Александар Урдаревски” настанал пожар во патничко возило „ауди Q7″ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „ауди а8″ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Љ.(55) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.

Слични содржини