Излезе многу интересно истражување за парацетамолот!

од Vlatko K

Емпатијата се убива од популарниот пенкилер што се среќава во 600 различни лекови. Ацетаминофенот – познат како Тиленол во САД и како Парацетамол на други места во светот – ја намалувa емпатијата кон болката на другите луѓе, покажува новото истражување.

1471693527-parea

Д-р Доминик Минчовски, водечкиот научник на истражувањето, вели: “Овие резултати покажуваат дека болката на другите луѓе не изгледа толку голема работа, по акто сте зеле ацетаминофен. Тој ја намалува емпатијата, освен што дејствува како смирувачки. ”

Претходните истражувања утврдиле дека супстанцијата може да ги намали и позитивните емоции на оние кои го земаат.

Д-р Болдвин Веи, коавтор на студијата, додава: “Ние не знаеме зошто ацетаминофенот ги има овие ефекти, но е вознемирувачио. Емпатијата е исклучително важна за односите меѓу луѓето. Ако имате скандал со партнерот и штотуку сте зеле ацетаминофен, според истражувањето ќе пројавите помалку разбирање на она што сте го направиле за да ги повредите чувствата. ”

Истражувањето се базира на анализирани податоци од 8о студенти. На половина од учениците е даден ацетаминофен, а на другата половина – плацебо. Потоа на учениците им биле прочитани приказни за луѓе кои биле повредени и биле прашани да ја оценат болката .

Резултатите покажале дека оние кои редовно земале ацетаминофен сдавале повеќе недооценети проценки за болката на луѓето во споредба со оние на кои им било дале плацебо.

Истражувачите спроведоа неколку дополнителни варијации на тестот за да ја проценат Емпатијата на луѓето кон физичка и социјална болка на луѓето.

Д-р Веи ги коментира резултатите од истражувањето на социјалната болка: “Во овој случај, учесниците имаа можност да ја доживеат емпатијата кон некој кој поминува низ социјално болно искуство. Повторно, оние кои редовно земаа ацетаминофен покажаа намалување на емпатија. Тие не беа толку загрижени за чувствата на луѓето колку контролната група во истражувањето. ”

Научниците планираат да започнат аналогно истражување и за ибупрофен, за да видат дали покажува слични резултати.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Social Cognitive and Affective Neuroscience.

Слични содржини