Излезе списокот со кандидати за „Златната топка“: Крај на 18-годишна традиција

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Европската фудбалска централа (УЕФА) и „Франс Фудбал“ објавија список од 30 фудбалери номинирани за „Златната топка“, а на списокот ги нема Лео Меси и Кристијано Роналдо. Меѓу 30-те фудбалери кои конкурираат за Златната топка се:

Џуд Белингам, Рубен Диаз, Фил Фоден, Федерико Валверде, Емилијано Мартинез, Ерлинг Халанд, Нико Вилијамс, Гранит Џака, Артјом Довбик, Тони Крос, Винисиус Јуниор, Дани Олмо, Флоријан Вирц, Мартин Едегор, Матс Хумелс, Родри, Хари Кејн, Деклан Рајс, Витиња, Кол Палмер, Дани Карвахал, Ламин Џамал, Букајо Сака, Хакан Чалханоглу, Вилијам Салиба, Килијан Мбапе, Лаутаро Мартинез, Адемола Лукман, Антонио Ридигер, Алехандро Грималдо.

По 18 години, во потесниот список на кандидати го нема бранителот на титулата Аргентинецот Лео Меси, кој рекордни осум пати беше прогласуван за најдобар фудбалер во изборот на „Франс Фудбал“.

Аргентинецот моментално настапува за Интер од Мајами, оваа година со репрезентацијата ја освои Копа Америка. Втора година по ред на списокот го нема Португалецот Кристијано Роналдо, кој настапува за Саудиски Ал Наср.

Роналдо ја освои Златната топка во пет наврати.

По еден фудбалски новинар од секоја од 100-те најдобро рангирани земји во рангирањето на ФИФА гласа за добитникот на Златната топка. Си избира најдобриот фудбалер во претходната сезона.

Трофејот „Златната топка“ ќе биде доделен на 28 октомври во Париз.

Слични содржини