Излезе трејлерот за новата епизода на „Пријатели“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Објавен е трејлер за новата епизода на „Пријатели“.

Трејлерот, кој веќе го погледнале 273.000 луѓе на Јутјуб, ги прикажува главните актери кои се собираат на снимањето, читаат сценарија и споделуваат спомени од снимањето на култната серија, која траеше од 1994 до 2004 година.

Некои од специјалните гости се Дејвид Бекам, Џастин Бибер, БТС, Џејмс Корден, Синди Крафорд, Кара Делевињ, Лејди Гага, Елиот Гулд, Кит Харингтон, Лери Ханкин, Минди Калинг, Томас Ленон, Кристина Пиклс, Том Селек, Џејмс Мајкл Тајлер, Меги Вилер, Рис Витерспун и Малала Јусафзаи.

Специјалот го режираше Бен Винстон.

Пријателите имаа премиера во 1994 година и траеја 10 сезони на „NBC“. Тие сè уште се едни од најпопуларните серии во светот, експлодираат при стриминг кога 236 епизоди дебитираа на „Нетфликс“ во 2015 година и добија нова генерација фанови. „Пријателите“ го напуштија Нетфликс во 2019 година, а во 2020 година се префрлија на HBO Max.

Новата епизода ќе биде прикажана на 27 мај оваа година.

Слични содржини