Излезе видеото од хаосот во семејството Кардашијан: Ким ја нападна Кортни

Излезе новиот тизер за реалното шоу Keeping Up Eith The Kardashians, а посебно внимание привлече сцената од физичкаа пресметка меѓу сестрите Кардашијан, поточно Клои и Кортни, па пото се вклучи и Ким.

Тизерот започнува со расправијата на Клои и Кортни во кујната.

„Зошто мораш да имаш таков став“, вели на почетокот Клои.

Кортни ѝ одговара: „Само немој да се мешаш во работата која не те засега“, а Клои и возвраќа: „Тогаш немој да разговараш за тоа пред мене“.

Во другата сцена, драмата го достигнува врвот меѓу Ким и Кортни. Сестрите се расправаат и работите излегуваат од контрола, па расправијата преминува во физичка пресметка.

Вперувајќи прст во Ким, Кортни вика: „Немаш што да ми кажеш!“

„Никогаш повеќе да не ми пријдеш така“, нервозно возвраќа Ким и агресивно ја напаѓа сестра си.

Постојаните немири во познатото семејство се документирани во хит реалното шоу. Минатата сезона, Ким ѝ запрети на Кортни дека ќе ја отпушти поради желбата „одредени работи да останат приватни“.

Новиот тизер стигнува месеци откако Кортни објави дека ќе се повлече од реалното шоу со цел да се посвети на своето семејство.

Слични содржини