Излезност до 13 часот: Во Штип 16,61% , во Пласница 22,35%

од Берта Китинска

Без проблеми досега се одвивало гласањето на предвремените избори за градоначалници во општините Штип и Пласница, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК).

Нејзиниот последен пресек за одзивот, покажува дека до 13 часот во Штип гласале 6 938 гласачи односно 16,61 проценти.Во Пласница, пак, гласале 1 107 лица или 22,35%.

Во двете општини се спроведуваат предвремени избори бидејќи старите градоначалници заминаа на нови функции во извршната односно законодавната власт. Штипјани избираат меѓу пет, а жителите на Пласница помеѓу двајца кандидати.

 

Слични содржини