Излезот на дополнителните претседателски избори во Австрија може да е многу различен, покажува истражувањето

од Vladimir Zorba

zx450y250_2764722

Повторното прегласувањее на претседателските избори во Австрија може да доведе до многу различен резултат, покажува денеска објавената студија во која 17 проценти од испитаниците велат дека ќе гласаат или би гласале поинаку во споредба со изборите во мај, кои беа поништени на суд, пренесоа агенциите.

Кандидатот на Австриската партија на слободата (АПС) Норберт Хофер за малку не стана првиот екстремно-десничарскиот шеф на државата во Европската унија (ЕУ), но откако загуби во вториот круг на 22 мај од поранешниот лидер на партијата “Зелени – Зелената алтернатива” Александар ван дер Белен за еден процент разлика.

АПС сепак се обрати до Уставниот суд, кој пресуди дека имало нарушувања во пописот на поднесените по пошта гласови и ги поништиа изборите. Новите избори ќе се оджат на 2 октомври.

Во објавеното денеска студија на “Галуп” за весникот “Јостерајх” 5 проценти од анкетираните во вторник и среда 600 лица велат дека ќе гласаат поинаку, а 12 проценти – би ги промениле гласовите.

Поддршката за Хофер е меѓу 48,5 и 57.5 проценти (во просек 53 проценти), а за Ван дер Белен е меѓу 42,5 и 51,5 проценти (во просек 47 проценти)

Слични содржини