Изложба на Кардула во Тирана, крушевски локум и диџеј беа дел од автентичноста

од Nikola Popovski

Бројни гости од Тирана, од јавниот и од културниот живот, дипломати од повеќе земји, од Германија, Јапонија, Велика Британија, од Франција се собраа синоќа во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана на отворањето на изложбата на Зоран Кардула.

Делата на еден од најреномираните македонски современи уметници, графички дизајнер кој веќе 20 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност добија нова потврда на својата вредност, што се манифестираше со реакциите на публиката.

Специјалитетот, крушевски локум и атмосферата со диџеј Узун Баба беа дел од автентичноста на вечерта за што се погрижија директорот на Македонскиот КИЦ, Златко Ориѓански и уметникот Кардула. Изложбата ќе биде отворена следните неколку месеци.​

 

Слични содржини