Измамил банка со лажен глас и украл 35 милиони долари

од Nikola Popovski

„Дип фејк“ технологиите веќе овозможуваат да се фалсификува не само изгледот, туку и гласот на луѓето. Токму тоа го искористи разбојник во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и украде 35 милиони долари.

Измамникот го фалсификувал гласот на шефот на компанијата и во негово име наредил трансфер на огромна сума пари. Ова се случи на почетокот на 2020 година, но стана познато дури сега. За дрската кражба објави „Форбс“.

Користејќи лажен глас, криминалецот му кажува на менаџерот на банката (кој претходно разговарал со директорот на компанијата) преку телефон дека компанијата ќе изврши набавка и му треба одобрување за да префрли пари на сметката.

Ангажиран е и адвокат кој ќе ги координира процедурите, а менаџерот на банката во своето сандаче гледа пораки од директорот и адвокатот на компанијата кои потврдуваат колку пари се потребни и каде да ги префрлат.

Менаџерот го „препознава“ гласот на шефот на компанијата и откако ги гледа мејловите во електронската пошта, прифаќа дека се е во ред и дозволува трансфер, а парите одат директно на сметките на криминалците.

Се верува дека измамникот не дејствувал сам. Истражителите од Дубаи сугерираат дека криминалната група се состои од 17 лица кои активно користат „дип фејк“ гласови во нивните криминални активности.

Слични содржини