Измените на Законот за детска заштита поднесени од „Левица” е неприфатливи и паушални, велат од МТСП

од Берта Китинска

Министерството за труд и социјална политика преку соопштение ја извести јавноста дека Предлог- законот за изменување на Законот за детска заштита поднесен од Левица, е неприфатлив и паушален фокусиран само на финансиската поддршка без да се земат во предвид останатите потреби на децата и лицата со попреченост.

Без анализи законските решенија се само популизам и ништо повеќе, велат од Министерството. Министерството работи на пакет мерки кои ќе значат финансиска поддршка и трајно решение, кои ќе придонесат за вистинско унапредување на лицата со попреченост.

-Во изминатиот период како министерство бевме во интензивна комуникација со здруженијата на родители на деца со попреченост и врз основа на нивните барања креираме пакет на законски измени и мерки кои значат унапредување на состојбата на децата и лицата со попреченост, стои во соопштението.

Во текот на утрешниот ден Министерството за труд и социјална политика подетално ќе ја информира јавноста за конкретните чекори кои ќе ги преземе, а со цел подобрување на правата, а со тоа и животниот стандард на лицата со попреченост.

Слични содржини