Изминатото деноноќие произведени 11.842 MWh, набавени 4.580 MWh електрична енергија

од Nikola Popovski

АД ЕСМ на 30.11.2022 година произведе 11.842 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.

-Во Термоелектраните произведени се 5.637 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.205 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 4.580 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта и објекти од виталната инфраструктура во државата.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 30.11.2022 година, соопштија од „Илинденска бр.2“.

Слични содржини