Измир му оддаде почит на починатото мексиканско куче кое спаси лица од урнатините

од Nikola Popovski

На зграда во турскиот град Измир е насликан портрет на мексиканското куче Протео, кое загина за време на спасувачката мисија во Турција после катастрофалните земјотреси што ја зафатија земјата.

Германскиот овчар Протео пристигнал во Турција неколку часа по двата разорни земјотреси на почетокот на февруари. Тој од под урнатините спасил три лица.

Мексикански тим пристигна во Адијаман на почетокот на февруари за да помогне во потрагата и спасувањето на луѓето под урнатините по разорните земјотреси во Турција.

Протео беше дел од тимот од 150 луѓе кои дојдоа во Турција од Мексико. Тој одигра важна улога во извлекувањето на три лица од под урнатините во Измир, но загина за време на една од операциите за пребарување и спасување.

Слични содржини