Изненадувачки ефекти на јогуртот и кефирот врз имунолошкиот систем

од Stefanija Kuzmanovska

Јогуртот и кефирот содржат многу здрави работи, од калциум, преку пробиотици до протеини. Покрај тоа, едно израелско истражување сега открива дека пробиотиците во јогуртите всушност можат да го намалат воспалението за да го зајакнат имунитетот.

Многу луѓе се чувствителни на лактоза и млечни производи и мораат да ги избегнуваат. Но, оние кои немаат такви проблеми можат слободно да ги консумираат. Во последниве години, научниците имаа спротивставени мислења за млечните производи. Некои тврдат дека овие производи можат да доведат до широк спектар на болести кои вклучуваат артритис и депресија и акни, додека други сметаат дека млечните производи се корисни.

Двајца истражувачи кои спроведоа универзитетско истражување во Израел откриле дека молекулите од пробиотици во кефирот значително го намалуваат нивото на инфекција со агенсот кој предизвикува колера.

Во следната студија, научници откриле дека истите тие молекули дејствувале како анти-инфламаторнa сила против некои модели на вирусни заболувања.

„Нашето истражување за првпат го осветлува механизмот со кој ферментираните млечни пробиотици можат да штитат од патогени инфекции и да му помогнат на имунолошкиот систем“, вели професорот Раз Јелинек, потпретседател за истражување и развој на Универзитетот Бен Гурион во Негев, пишува Eat this.

Слични содржини