Изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници, препорача КЗБ

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Во текот на вчерашниот ден до Институтот за јавно здравје беше доставен примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот e од Кичево и тој пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунските сипаници.

Комисијата за заразни болести, која вчера попладне одржа состанок, препорача воведување на изолација во домашни или болнички услови за сите сомнителни и потврдени случаи и секојдневно епидемиолошко следење на лицата кои имале контакт со потврдени случаи.

– Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден, соопштија од КЗБ.

Комисијата ја реафирмираше и препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

Слични содржини