Израел би можел да биде нападнат со 2.000 проектили дневно од Хезболах

од Milan1

Израел е подготвен да се соочи со околу 2.000 проектили дневно од вооружената група, доколку избие конфликт, изјави висок израелски воен претставник.

– Видовме темпо од повеќе од 400 ракети истрелани дневни кон Израел. Во случај на конфликт или војна со Хезболах, очекуваме повеќе од петпати поголем број ракети истрелани секој ден од Либан кон Израел. Во основа, то а би било меѓу 1.500 и 2.500 ракети истрелани дневно кон Израел, изјави високиот израелски воен претставник.

Израелската арија во мај годинава водеше 11-дневна војна против палестинските вооружени групи во Појасот Газа, кои истрелаа околу 4.400 проектили кон еврејската држава. Израел вели дека неговиот одбранбен систем „Железна купола”, што се користи околу една деценија, пресретнал околу 90 проценти од ракетите насочени кон населени области, додека помалку од 300 погодиле населени места.

Цифрата ја надмина онаа што беше регистрирана во војната на Израел против Хезболах во 2006 година, кога сличен број ракети беа истрелани од Либан – но во текот на околу еден месец соопшти израелската армија.

Градовите како Тел Авив и Ашдод во мај доживеаја „најголем оган кон нив во историјата на Израел”, рече Ури Гордин, началник на Командата на Домашен фронт.

Команда на домашниот фронт на Гордин е формирана во 1992 година по првата војна во Заливот, и е задолжена за цивилна одбрана, што значи дека е одговорна за подготвување на земјата во случај на закана, конфликт или катастрофа. Единицата беше критикувана за одговорот на војната во 2006 година со Хезболах, во која загинаа повеќе од 1.200 Либанци, главно цивили и 160 Израелци, повеќето од нив војници.

Слични содржини