Израел и Хезболах негираат вмешаност за експлозиите во Бејрут

од Vladimir Zorba

Израелските одбранбени сили ја негираа одговорноста за двете експлозии што се случија во Бејрут, во кои загинаа најмалку 10 лица. Во меѓувреме, пристигнува вест дека станува збор за несреќа во пристаништето каде биле складирани високо-експлозивни материјали.

„Израел нема никаква врска со инцидентот“, рече официјален претставник, пренесува Ројтерс.

Министерот за надворешни работи на земјата, Габи Ашкенази изјави за израелската телевизија Н12 дека експлозијата најверојатно е несреќа предизвикана од пожар.

Генералот Абас Ибрахим, директорот за национална безбедност, изјави за либанските медиуми дека причина е најверојатно експлозија во магацин во пристаништето таму, каде се наоѓаат високо запаливи материи.

Два владини извори за Ројтерс изјавиле дека експлозивите се всушност складирани во пристаништето.

Директорот на пристаништето изјави дека експлозијата на нитрати е виновна за сè, пренесува Би-Би-Си.

Генералот Абас Ибрахим ги отфрли шпекулациите дека Израел стои зад експлозијата, додека израелскиот министер за одбрана подвлече дека таа земја нема никаква врска со инцидентот.

Либанскиот министер за здравство им изјави на новинарите дека брод со пиротехника експлодирал во пристаништето, иако детонацијата се слушнала низ целата земја и делува како организиран ракетен напад.

Хезболах, исто така, ја негираше одговорноста за нападите, јавуваат странските медиуми.

Слични содржини