Израел и ОАЕ постигнаа историски мировен договор, посредник бил Трамп

од Vladimir Zorba

Израел и Обединетите Арапски Емирати денес постигнаа историски мировен договор, што ќе доведе до целосно нормализирање на односите меѓу двете земји од Блискиот исток, а посредник за постигнување договор бил американскиот претседател Доналд Трамп.

Според договорот, Израел ветил дека ќе го прекине суверенитетот на територијата на Западниот Брег, која е предмет на дебата за анексија, изјавија официјални лица од Белата куќа, пренесува Ројтерс.

Тоа е прв договор од ваков вид потпишан од договорот од 1994 година меѓу Израел и Јордан, а според британската агенција, тој е и точка во надворешната политика на Трамп пред претседателските избори што ќе се одржат на 3 ноември.

Во преговорите за постигнување договр биле вклучени и зетот на Трамп и постар советник Џаред Кушнер, американскиот амбасадор во Израел, Дејвид Фридман и претставникот на Блискиот исток Ави Берковиќ, како и американскиот државен секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност на Белата куќа Роберт О’Брајан.

„Овој историски дипломатски чекор напред ќе придонесе за мирот на Блискиот исток и е сведоштво за дипломатијата и визијата на тројцата лидери и храброста на Обединетите Арапски Емирати и Израел да започнат нов пат што ќе ја отвори вратата за големиот потенцијал на регионот“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Договорот предвидува, исто така, давање на муслиманите поголем пристап до џамијата Ал-Акса во Ерусалимскиот стар град, како и летови од Абу Даби до Тел Авив, додека Обединетите Арапски Емирати и Израел ќе ја прошират и забрзаат соработката во лекувањето и развивањето на вакцината против новиот коронавирус.

Слични содржини