Израел има најголем број новозаразени на дневно ниво од март

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство на Израел објави дека повеќе од 2.000 луѓе биле позитивни на ковид-19 во понеделникот, што е најголем број за 24 часа од март.

Како што е наведено, биле тестирани повеќе од 90.000 примероци, а стапката на позитивни е 2,32 проценти.

За споредба, среде третиот бран во јануари, имаше повеќе од 1.200 новоинфицирани лица на ден.

Според Министерството за здравство, 10 проценти од оние кои биле позитивни на коронавирус во понеделникот пристигнале од странство. И покрај апелите на Владата да не патуваат непотребно, меѓународниот аеродром во Израел, „Бен Гурион“ е полн со патници.

Зголемувањето на бројот на заразени се припишува на ширењето на „делта-вирус“ во последните неколку недели и повторно се воведени санитарни мерки, кои беа скоро целосно укинати порано, а се препорачува употреба на заштитни маски и изолација, известуваат израелските медиуми.

Денес министерот за здравство, Никан Хоровиц, го повтори повикот на израелскиот премиер Нафтали Бенет, што побрзо да се вакцинираат сите што досега не го сториле тоа.

Во Израел, повеќе од 5,3 од 9,3 милиони луѓе се целосно имунизирани.

Хоровиц исто така рече дека Министерството разгледува дали да им даде на постарите граѓани трета доза на вакцина против Ковид-19 – и покрај тоа што нема податоци од производителите за клинички испитувања.

Израел во моментов им дава трета доза на луѓето чиј имунолошки систем е ослабен.

Меѓу повеќе од 13.000 активни случаи, 138 пациенти се во сериозна состојба, од кои 25 на респиратор.

За споредба, во екот на третиот бран на инфекција во јануари, имаше повеќе од 1.200 тешки случаи на ден.

За време на пандемијата починаа 6.461 лице.

Слични содржини