Израел ќе и даде милион дози вакцина на Палестинците

од Берта Китинска

Во канцеларијата на израелскиот премиер Нафтали Бенет беше проценето дека залихите на вакцини во Израел се доволни за тековните потреби и дека на Палестинците ќе им бидат дадени оние дози што наскоро ќе истечат.

Во замена за испорака на вакцини од Израел, Фајзер подоцна ќе и ги даде на земјата вакцините планирани за палестинските власти, со цел да се осигура дека Израелците нема да се соочат со недостиг, пренесуваат израелските медиуми.

Вакцините ќе бидат наменети за жителите на Западниот брег и Појасот Газа.

Според Министерството за здравство на Палетин, 436.275 Палестинци на тие територии примиле барем една доза на вакцина, а околу 260.000 жители ги примиле двете дози, вклучително и 100.000 палестински работници вакцинирани од Израел во последните месеци.

Повеќето Палестинци биле вакцинирани на Западниот брег, а само 52.000 жители на Газа добиле една или две дози.

Министерството соопшти дека уште 226 000 дози вакцини пристигнале во Газа оваа недела, но Палестинците кои живеат таму не сакаат да бидат вакцинирани.Начелната одлука за испраќање вакцини до палестинските власти, која управува со Западниот брег, беше донесена од претходната влада на Израел, но деталите не се финализирани.

Се разгледуваше можноста палестинските власти да плаќаат за вакцини, но не беше постигнат договор за цена.

Како што е наведено, Израел во моментов има милиони дози вакцини, така што висок палестински функционер кој неодамна се состана со претставници на меѓународни организации процени дека земјата може да потроши 1,2 милиони на Палестинци.

Во понеделникот, Високиот суд на правдата на Израел ги разгледа петициите на шест хуманитарни организации кои побараа од Израел да им обезбеди вакцини на Палестинците.

Државата побара итно да бидат одбиени петициите, тврдејќи како порано дека Израел не е одговорен за здравствена заштита на палестинските територии.

Судскиот совет го отфрли тоа, а потписниците на петицијата оценија дека испораката на 1,2 милиони дози не е доволна и одлуката е донесена предоцна, и дека Израел има морална и правна обврска заснована на меѓународното право да го осигура здравјето на жителите на териториите под нејзина контрола.

Во меѓувреме, на западниот брег е намален бројот на случаи на инфекција со коронавирус, но исто така се прават и помалку тестови.

Во четвртокот имаше 15 хоспитализирани пациенти на Западниот брег, каде што живеат скоро три милиони Палестинци. 65 пациенти беа хоспитализирани во Појасот Газа со два милиони жители.

Слични содржини