Израел денес предупреди дека неговите институции во странство може да бидат мета на Иран по неодамнешното убиство на ирански нуклеарен научник.
Во своето предупредување, Израелското биро за борба против тероризам наведува дека Иран може да изврши напади врз околните земји како Грузија, Азербејџан, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, пренесува Ројтерс.
„Во светло на неодамнешните закани од ирански агенти и нивната неодамнешна вмешаност во терористички напади во различни земји, постои загриженост дека Иран ќе се обиде да дејствува на овој начин врз израелските цели“, се вели во соопштението.