Израел: Отвораме ново поглавје во односите со Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид денеска изјави дека Израел и Турција отвораат ново поглавје во нивните односи по „подемите и падовите“, додавајќи дека двете земји ќе работат на проширување на економското партнерство.

„Целта е да се формира и прошири економската и граѓанската соработка меѓу нашите земји, со цел да се создадат можности за бизнис и за луѓе кои нашите граѓани би ги користеле, имаат предности на регионално и глобално ниво, дури и за време на пандемија, дури и за време на политички тензии“, рече Лапид на заедничката конференција со турскиот колега Мелвут Чавушоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу истакна дека нормализацијата на односите меѓу Турција и Израел ќе има „позитивно влијание“ врз „мирното“ решавање на палестинскиот конфликт.

Слични содржини