Израел планира потег што би предизвикал ТОТАЛНА ВОЈНА, Хамас вели: „Имаме уште изненадувања“

од Vladimir Zorba

Жестоките судири во Појасот Газа и Израел, невидени во изминативе седум години, продолжија и во четвртокот. Според Министерството за здравство во Газа, таму биле убиени најмалку 83 лица, од кои 17 деца. Седум лица беа убиени во Израел.

Судирите меѓу Палестинците и израелската полиција во Ерусалим се прелеваат низ целата земјата од почетокот на оваа недела. Израелската армија тврди дека од Појасот Газа кон Израел биле лансирани најмалку 1.369 ракети, од кои повеќето биле „симнати“ од противвоздушниот систем „Железна купола“. За споредба, во текот на 50-те дена од конфликтот во 2014 година, военото крило на Хамас, сунитската исламска организација што де факто управува со Газа, лансираше вкупно околу 4.000 ракети кон Израел.

Од друга страна, израелските одбранбени сили (ИДФ) возвратија со многу посериозен удар, погодувајќи повеќе од 600 цели во рамките на појасот Газа во последните денови, при што беа уништени неколку облакодери и поголеми станбени згради. ИДФ тврди дека во нападите биле убиени и четворица високи команданти на Хамас.

Утрово Израел испрати три бригади на границата со Газа, а армијата веќе подготвува план за потенцијална копнена операција во Појасот Газа. Планирањето за нападот е сè уште во повој, тврди Гардијан. Планот се очекува да му биде претставен на военото раководство во четврток попладне, по што генералите ќе одлучат дали планот ќе го презентираат на израелската влада, која ја има конечната одлука за копнената офанзива, изјави портпаролот на ИДФ.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој не успеа да формира нова влада за две години по четвртите избори и чека судење за корупција, им рече на членовите на сегашниот кабинет дека Израел го отфрлил предлогот на Хамас за прекин на огнот. Понудата за прекин на огнот дојде во средата преку руското Министерство за надворешни работи, од каде тие рекоа дека еден од водачите на Хамас изјавил дека организацијата е подготвена да ги запре нападите, под услов и Израел да се обврзе на тоа. Египетските дипломати кои дојдоа во Тел Авив да посредуваат меѓу Израел и Хамас исто така истакнаа дека нема да има ништо од примирјето барем до сабота.

Конечно, во четвртокот попладне, портпаролот на Хамас, Абу Убаида, рече дека сегашната реакција на Хамас е „само мал дел од нашите можности“.

– Се додека Израел ги интензивира своите напади, ние ќе ги интензивираме нашите напади. И сè уште имаме многу изненадувања, истакна тој.

Исто така, военото крило на Хамас соопшти дека тие лансирале нов вид ракета, чиј дострел е наводно 220 километри, кон аеродромот Рамон во градот Еилат на југот на Израел. Покрај ракетите, над јужниот дел на Израел денеска беа соборени и беспилотни летала кои носеа експлозив. Израелски официјален претставник рече дека ракетата не погодила ништо и дека летовите ќе продолжат како порано. Сепак, се покажа дека некои летови се откажани.

Ова секако претставува значителна опасност за Израел, бидејќи комерцијалните летови од меѓународниот аеродром Бен-Гурион, инаку најголем во Израел, беа пренасочени кон аеродромот Рамон токму поради заканата што ја претставуваа ракетите на Хамас. Единствениот преостанат меѓународен аеродром во Израел е Хаифа на северот од земјата.

Вчера и денес некои авиокомпании ги прекинаа летовите кон аеродромот Бен Гурион: меѓу нив се Делта, Американ ерлајнс, Јунајтед ерлајнс, Луфтханза, Бритиш ервејс, Иберија, Вирџин Атлантик …

Друг проблем е ескалацијата на насилството на улиците на Израел, каде започнаа судири меѓу Евреите и Палестинците кои живеат во Израел. Така, во средата вечерта толпа радикално десничарски Евреи трагаше по Арапи, додека палестинските израелски граѓани се судрија со полицијата.

Во исто време, израелските власти објавија две пораки до јавноста. Премиерот Нетанјаху, кој нема да биде повреден од новата демонстрација на сила над Хамас пред веројатните избори, ги повика Евреите и Арапите да не се напаѓаат едни со други.

– Не ми е гајле што ви зоврива крвта. Не можете да го земете законот во свои раце, рече Нетанјаху, кој претходно рече дека ќе воспостави ред „со железна тупаница ако е потребно“. Во исто време, министерот за јавна безбедност Амир Охана индиректно го поддржа насилството со барање за ослободување на Евреин уапсен под сомнение дека пукал врз Арап во градот Лоѓ, откако била запалена синагогата во градот. Без да наведе докази, Охана рече дека напаѓачот дејствувал во самоодбрана и рече дека граѓаните кои го почитуваат законот и носат оружје всушност им помагаат на властите.

Шокантната снимка пристигна вчера од предградијата на Тел Авив, Бат Јам, на која толпа Израелци од автомобил извлекоа човек за кој мислеа дека е Арап и брутално го тепаа се додека не лежеше неподвижен на патот. На амбулантата и требаа 15 минути да му помогне.

Слични содржини