Израел почна да вакцинира деца на возраст од пет до 11 години

од Nikola Popovski

Израел денеска почна да ги вакцинира децата на возраст од пет до 11 години против Ковид-19 со вакцините на Фајзер/Бионтек со надеж дека ќе го надмине неодамнешниот пораст на инфекција со заразата.

Четвртиот бран на инфекции што го погоди Израел во јуни почна да се намалува во септември, пренесува Ројтерс.

Но, во текот на изминатите две недели, стапката на репродукција на вирусот, која два месеци беше под еден, почна да расте и сега го надмина тој праг, што покажува дека вирусот би можел повторно да се шири експоненцијално.

Бројот на новозаболени лица на дневна основа исто така е зголемен во последните неколку дена, со половина од потврдените случаи кај деца на возраст од 11 години и помлади.

Населението на Израел од 9,4 милиони е релативно младо, со околу 1,2 милиони деца на возраст од пет до 11 години.

Според Министерството за здравство, таа група сочинувала повеќе од една третина од новите случаи до ноември. Научниците и официјалните лица се сомневаат дека земјата може да постигне колективен имунитет доколку децата не се вакцинираат.

Фото: Getty Images

Слични содржини