Израел повторно го нападна појасот Газа

од Vladimir Zorba

Израел извршил воздушни напади врз групни позиции во појасот Газа, објави синоќа радио Савт ал-Акса.

Според изворите на радиостаницата, пукано е во позициите на групи поврзани со единиците на палестинскиот отпор во близина на градовите Кан Јунис и Газа, а засега нема информации за жртвите или штетата, јави ТАСС.

Палестинските групи возвратија со оган на израелските авиони, додаде „Савт ал Акса“.

Инцидент се случи претходно во неделата, кога запаливи балони, подигнати од Појасот Газа, предизвикаа најмалку три пожари во јужниот дел на Израел, објавија израелските медиуми.

Агенциите проценуваат дека новите случаи на испраќање на запаливи балони ја зголемија можноста за повторни ракетни напади од Израел врз Хамас.

Слични содржини