Израел, сепак, ќе и дозволи на американската конгресменка Тлаиб да го посети семејството на Западниот брег

од Vladimir Zorba

Израелското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека на американската конгресменка Рашида Тлаиб ќе и дозволи да го посети своето семејство на Западниот брег.

Ваквото соопштение следи откако израелските власти вчера ја забранија официјалната посета на Тлаиб и нејзината колешка Илхан Омар на земјата, пренесоа британските медиуми.

Двете конгресменки доаѓаат од Демократската партија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху вчера изјави дека на конгресменките нема да им дозволи да го посетат Израел, но дополни дека доколку Тлаиб поднесе барање да го посети семејството и доколку станува збор за хуманитарно прашање, Израел тоа ќе го разгледа и ќе одлучи поинаку се додека таа се држи до ветувањата дека нема да зборува против Израел.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера преку Твитер го повика Израел да не им дозволува на Омар и Тлаиб да ја посетат земјата, затоа што му изразија поддршка на пропалестинското движење „Бојкот, диверзија, санкции“.

-Тоа ќе биде голема слабост ако Израел им дозволи на конгресменките Омар и Тлаиб да дојдат во посета, напиша Трамп на својот налог наТвитер.

Слични содржини