Израелската армија уби 12-годишен Палестинец

од Nikola Popovski

Израелски војници убиле 12-годишен Палестинец во близина на градот Беит Умар во близина на Хеброн на окупираниот Западен брег, објави палестинското Министерство за здравство.

Според палестинските медиуми, момчето Мухамед ал Алами бил погоден во градите додека седел во автомобилот со татко му и сестра му на влезот во тој град.

Израелските војници викале кон возачот да застане, а потоа бил отворен оган, пренесува Асошиејтед прес.

Момчето било пренесено во болница во критична состојба, каде им подлегнало на повредите.

Израелските војници синоќа убија 41-годишен Палестинец во окупираниот Западен Брег во близина на едно село, што беше честа сцена на судири меѓу палестинските демонстранти и израелските сили во последните недели, пренесува АФП.

Еден палестински тинејџер беше ранет претходниот ден во судирите со израелските војници загина во саботата.

Израел го освои Западниот Брег во Шестдневната војна во 1967 година и сега има 470.000 еврејски доселеници.

Палестинците имаат намера да основаат своја независна држава на таа територија, која ќе го вклучи појасот Газа, а главен град да биде Источен Ерусалим.

Слични содржини