Израелската авијација сруши зграда во Газа

од Vladimir Zorba

Среде конфликтот меѓу Израел и палестински Хамас, израелската авијација ракетираше денес 13-катна зграда во Газа, која набрзо целосно се сруши.

Новинар на Ројтерс цитира очевидци кои живеат во близина дека канцеларијата на политичкото раководство на Хамас се наоѓала во таа зграда.

Жителите на срушената зграда и на околните згради биле предупредени за нападот и биле евакуирани еден час пред да удрат израелските ракети, тврдат очевидци, но сè уште не е познато дали има жртви.

ОН итно работи на намалување на тензиите меѓу Израел и Палестинците, а генералниот секретар Антонио Гутереш изрази жалење за „растечкиот број на човечки жртви, вклучително и деца, убиени во меѓусебните напади“, изјави денес претставникот на ОН – Стефан Дијарик.

– Израелските безбедносни сили мора да бидат максимално воздржани и мора да го прилагодат нивото на употреба на сила. Случајно ракетирање и гранатирање на Хамас во населени места во Израел се неприфатливи – рече Дијарик, пренесе Ројтерс.

Слични содржини