Израелската влада откажа натпревар од Евролигата!

од Nikola Popovski

Владата на Израел го одложи натпреварот помеѓу Макаби и Анадолу Ефес од кошаркарската Евролига.

Натпреварот помеѓу „Гордоста на Израел“ и турскиот тим првично беше планиран за четврток, но нема да се игра бидејќи израелската влада не издала дозвола за лет на турскиот авион.

Турците требаше да добијат дозвола за слетување од властите поради мерките што беа воведени минатата недела поради пандемијата на коронавирус, поради што е ограничен бројот на летови од аеродромот.

Во согласност со Специјалните регулативи поради Ковид-19, секој натпревар може да се одложува три пати, доколку има достапни датуми.

Евролига соопшти дека ќе најде нови датуми во координација со тимовите

Слични содржини