Израелската војска извршила напади врз повеќе од 500 цели

од Vladimir Zorba

Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-мајор Авив Кохави изјави денеска дека вооружените сили извршиле напади на повеќе од 500 цели и убиле десетици терористички оперативци, кои, како што вели, нанеле болни удари на палестинскaтa терористичка организација.

„Ние сме решени да им возвратиме на терористите на најсериозен можен начин“, рече израелскиот генерал, нагласувајќи дека армијата ќе продолжи да ги напаѓа позициите на Хамас и Исламскиот џихад во појасот Газа и да се подготвува за поширок конфликт, пренесува весникот „Тајмс оф Израел“.

Шефот на Шин Бета, израелската служба за безбедност, Надав Аргаман, кратко рече: „Неподносливо е терористичка организација да му се заканува на Израел. Не е време за разговори“.

Слични содржини