Израелската војска предупредува дека следува моќен напад на Газа! „Хамас сноси целосна одговорност за страдањето на народот“

од Љубиша Владимиров
63 прегледи

Израелската армија денеска ги повика жителите на градовите Беит Ханун и Шеик Зајед во северниот дел на Појасот Газа да се евакуираат во очекување на напад.

„Во светлината на снајперските операции и терористичките активности започнати од гореспоменатата област против израелските сили, ќе извршиме силен напад врз областа што се користи за извршување на овие терористички операции“, напиша на Фејсбук портпаролот на израелската војска Авичаи Адраех.

Според него, „терористичките организации“, пред се Хамас, сносат целосна одговорност за раселувањето и страдањето на цивилите.

Портпаролот на израелската војска ги повика жителите „веднаш да се упатат кон запад кон градот Газа“ заради нивна безбедност.

Израел ја продолжи офанзивата во Појасот Газа на 18 март, завршувајќи го двомесечниот прекин на огнот со палестинското исламистичко движење Хамас.

Оттогаш се убиени најмалку 1.542 Палестинци, со што бројот на загинати на територијата достигна 50.912 од почетокот на израелската офанзива започната како одмазда за нападот на Хамас од Газа на 7 октомври 2023 година.

Во нападот тој ден загинаа 1.218 луѓе на израелска страна, главно цивили, според извештајот на АФП заснован на официјални податоци.

Од 251 киднапирано лице, 58 се уште се во Газа, вклучувајќи 34 кои умреле според израелската војска.

Слични содржини