Израелски амбасадор: Го признавме Косово на 4-ти септември

од Nikola Popovski

Новиот амбасадор на Израел во Србија, Јахел Вилан, изјави дека нема никакво прашање во врска со тоа дали Израел ќе го признае Косово или не, бидејќи, како што вели Израел го признало Косово на 4 септември.

Инаку, на 4 септември во Белата куќа беа потпишани договори во две варијанти, а само во документот потпишан од Приштина стои признавањето на независноста на Косово од Израел, бидејќи Белград не сакал да се согласи со тоа, но не можел да ја спречи суверената одлука на Израел.

Израелскиот амбасадор повтори дека денес во изјава за телевизијата Х1, потенцирајќи дека на инаугуративната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ разговарал за подобрување на односите меѓу двете земји, и на прашањето како Вучиќ го коментирал израелското признавање на Косово, Вилан изјавил дека тоа не е нешто поради кое Вучиќ е задоволен и дека не поддржува такво нешто, пренесуваат српските медиуми.

„Но, Израел е суверена држава и тоа е наша одлука. Договорот е потпишан, и јас или Вучиќ нема да го смениме. Треба да работиме на подобрување на односите и да не се занимаваме премногу со нешто што беше направено пред две и пол недели во Вашингтон“, рекол израелскиот амбасадор.

„Сега треба да видиме како да не дозволиме тоа да влијае на односите меѓу Србија и Израел“, изјавил Вилан.

Пред пет дена, веднаш по предавањето на акредитивните писма на претседателот Вучиќ, Вилан му рекол на Танјуг дека Израел сè уште технички не го признало Косово, но посочи дека тоа е дел од неодамна постигнатиот договор во Вашингтон:

„Што се однесува до Косово, имаме изјава на израелскиот премиер за заемно признавање на Израел и Косово. Досега не презедовме дополнителни чекори на терен, но тоа е дел од договорот потпишан во Вашингтон “, соопштил тогаш Вилан.

Слични содржини