Израелски нуркач откри меч на крстоносците стар 900 години

од Vladimir Zorba

Израелски нуркач откри 900 години стар крстоносен меч на морското дно во Медитеранот, објави израелската управа за антиквитети.

Мечот, со сечило долго метар и рачка долга 30 сантиметри, лежел крај брегот на Кармел.

„Мечот, кој е сочуван во совршена состојба, е прекрасно и ретко откритие и очигледно му припаѓал на витез-крстоносен војник“, изјави Нир Дистелфелд, инспектор на Единицата за борба против грабежите на израелската управа за антиквитети.

Според соопштението, брегот на Кармел содржи многу природни заливи кои обезбедуваат засолниште на древните бродови во бури. Цели населби и пристанишни градови се развиле во областа.

„Овие услови со векови привлекуваа трговски бродови, оставајќи зад себе богати археолошки пронаоѓалишта. Неодамна пронајдениот меч е само едно такво откритие“, рече Дистелфелд.

Израелската управа за антиквитети го проучува местото од јуни, но „артефактите се недофатливи бидејќи се појавуваат и исчезнуваат со движењето на песокот“.

Нуркачот го откри мечот во саботата и го зеде, плашејќи се дека некој може да го украде или морето да го покрие со песок.

Слични содржини