96
За време на денешната акција на израелските безбедносни сили во градот Неблус на окупираниот Западен Брег, израелските војници убија 10 Палестинци, меѓу кои најмалку тројца вооружени напаѓачи и тројца цивили, а ранија над 100, потврдија медицинските претставници.
Израелската војска потврди дека ја извршила операцијата во Наблус, велејќи дека припадниците на израелските сили биле принудени да одговорат на вооружен напад за време на рацијата и обид за апсење на екстремисти осомничени за планирање на нападите, пренесe Ројтерс.
Според армиското соопштение, нема жртви меѓу припадниците на израелските сили.