Актуелно
Почетна / Глобално / Израелскиот премиер во „параноја“: Одбива да се ракува поради коронавирусот

Израелскиот премиер во „параноја“: Одбива да се ракува поради коронавирусот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху престана да се ракува за време на изборната кампања, што се смета за сигнал за растечка загриженост меѓу израелските власти од избувнувањето на епидемијата на коронавирус.

За време на посетата на светилиштето на Пештерата на Патријархот во Хеброн денес, израелскиот премиер беше снимен како одбива да се ракува со луѓето што ги сретнал во тој град на Западниот Брег, објави „Тајмс оф Израел“.

Видеото го објави телевизијата Кан, шест дена пред националните избори.

На видеото се гледа како Нетанјаху го посетува храмот и како некој му подава рака.

Израелскиот премиер, сепак, не ја подаде неговата, а еден од неговите советници се слушна како вели: „Нема ракување“.

Помалку засрамен, Нетанјаху се поклони и рече „namaste“, што е вообичаен Хинду поздрав.

Сопругата на Нетанјаху, Сара, исто така, се слушна како вели дека одлуката да се воздржат од ракување е  владини инструкции.

Сепак, извори блиски до кампањата на Нетанјаху за весникот рекоа дека тој ја донел таа „одговорна одлука“, бидејќи се состанува со илјадници активисти секој ден пред изборите во понеделникот.

Пештерата на Патријархот е едно од местата што неодамна го посетиле туристи од Јужна Кореја, а кај кои  подоцна е откриен опасниот вирус.

loading...