Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги именуваа деветте ирански нуклеарни научници што ги убија во првите напади од нивната операција против нуклеарната програма на Иран во петокот наутро.
Војската тврди дека овие научници ги унапредиле напорите на Иран да добие нуклеарна бомба.
Имињата на деветтемина се: Ферејдун Абаси, експерт за нуклеарно инженерство; Мохамед Мехди Техранчи, експерт за физика; Акбар Моталеби Задех, специјалист за хемиско инженерство; Саид Барџи, експерт за инженерство на материјали; Амир Хасан Факахи, експерт за физика; Абд ал-Хамид Минушер, експерт за физика на реактори; Мансур Асгари, експерт за физика; Ахмад Реза Золфагари Дарјани, експерт за нуклеарно инженерство; и Али Бахуеи Катирими, експерт за механика, објави „Тајмс оф Израел“.
„Сите научници и експерти што беа елиминирани беа значајни извори на знаење во нуклеарниот проект на Иран и имаа децениско кумулативно искуство во развојот на нуклеарно оружје“, соопшти Израелските одбранбени сили.
Се вели дека многу од нив биле наследници на Мохсен Фахризаде, „таткото на иранскиот нуклеарен проект“, кој наводно бил убиен од Израел во 2020 година.
Според војската, деветмина биле убиени во истовремени напади врз Техеран рано во петокот, во истиот бран напади во кои беа елиминирани десетици воени команданти, вклучувајќи шест високи функционери.
„Елиминацијата на научниците беше овозможена по детална разузнавачка истрага што се интензивираше во текот на изминатата година, како дел од класифицираниот и компартментализиран план на ИДФ“, соопшти војската.
Како дел од планот, ИДФ соопшти дека десетици разузнавачки истражувачи „работеле на таен проект чија цел била следење на клучните нуклеарни научници во Иран неколку години“.